Првиот човек на Кавадарци беше силна поддршка на Тиквеш во клучниот меч

64

Тимот на Тиквеш е петтиот патник во плеј-оф фазата од најквалитетното домашно ракометно натпреварување.

Кавадарчани во рамките од 21. коло од Супер лигата триумфираа над Куманово со 33:26 (15:11) и со освоената победа обезбедија пласман во ТОП 6.

Избраниците на Кристијан Грчевски имаа солидна поддршка во спортската сала „Јасмин“, а своја поддршка од трибините даде и таткото на градот.

Градоначалникот Митко Јанчев го проследи натпреварот со Куманово и ја поздрави победата што донесе плеј-оф.

 

Тиквеш со победа над Куманово се „чекираше“ во плеј-офот

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT