Со утрешниот дуел меѓу Охрид и Бутел Скопје ќе биде комплетирано 21. коло, а на едно коло пред крајот на регуларниот дел од Супер лигата, дури седум ракометари имаат постигнато над 100 гола.
На вчерашниот дуел меѓу Тиквеш и Куманово, левото крило Димитар Коцев беше меѓу најефикасните во победничкиот табор, постигна пет погодоци и ја мина границата од 100 гола, сега има 103 зад своето име.
Засега, лидер на стрелците во суперлигашката конкуренција е Димитар Димитриоски од Прилеп со 141 погодок.
Останатите кои што имаат постигнато над 100 гола се: Азис Мухамед (Еурофарм Пелистер 2) – 136, Давор Палевски (Пролет) – 119, Филип Николов (Алкалоид) – 111, Наум Костов (Струга) – 110 и Александар Стојков (Куманово) – 106.