Европското првенство ќе се игра и во Гевгелија

94

Пред неколку недели, Кошаркарската федерација на Македонија со големо задоволство ја информираше јавноста дека на нашата држава ѝ е доверена организацијата на Европското првенство за кадети – Б дивизија, а сега, за првпат во историјата, едно младинско првенство во Македонија ќе се реализира во два града.

Освен Скопје, домаќин на младите таленти ќе биде и Гевгелија, која располага со одлична инфраструктура, па несомнено е дека гевгеличани ќе се покажат како одлични домаќини.

Ова ќе претставува вистинска можност за кошаркарските љубители од Гевгелија, но и од околните градови, во живо да ги проследат идните кошаркарски ѕвезди.

,,Изборот на Гевгелија претставува можност овој град да се претстави во вистинско светло – како одличен домаќин, со својата спортска инфраструктура, гостопримство и организациски потенцијал. Убедени сме дека, заедно со Скопје, Гевгелија ќе придонесе за успешно и достоинствено организирање на шампионатот на највисоко европско ниво. Ова Европско првенство ќе биде можност младите кошаркарски надежи од повеќе европски земји да ги покажат своите таленти токму во Македонија, но и можност нашата држава уште еднаш да ја потврди својата посветеност кон развојот на младинскиот спорт”, се вели во дел од соопштението на македонската кошаркарска куќа.

Европското кадетско првенство Б-дивизија ќе се одржи во периодот од 5 до 16 август.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT