Ракометната федерација на Македонија продолжува со реализацијата на ракометниот караван, а утре домаќин ќе биде Богданци – средина која традиционално дава репрезентативци.
Пред утрешниот главен настан во спортската сала „Млаз“, караванот денеска ги посети и Дојран и Стојаково, каде пред најмладите беше одржана промоција и дружење со цел да се поттикне интересот за овој спорт и да се мотивираат идните генерации ракометари.
Меѓу промотерите беа и легендарниот Игор Џамбазов, како и инфлуенсерот Фин, кои со своето присуство дополнително ја збогатија атмосферата и испратија силна порака за поддршка на младите.
View this post on Instagram
Досега караванот беше реализиран во Кавадарци, Прилеп, Битола, а своето прво издание го имаше во Охрид.
