Романците пишуваат: Израелски репрезентативец пред потпис со Еурофарм Пелистер

110

Според пишувањата на „Проспорт“, израелскиот репрезентативец Јоав Ламбросо е на чекор од заминување од Динамо Букурешт и преселба во Битола, каде треба да го засили шампионот Еурофарм Пелистер.

Средниот бек, кој беше поврзуван со трансфер во Вардар, сега наводно ја прифатил опцијата да му се приклучи на битолчани.

Ламбросо во својата кариера има настапувано и за Бенфика, Ајзенах, Лимож…а во романскиот шампион пристигна во сезона 2024/25.

Според пишувањата на споменатиот медиум, 25- годишниот Ламбросо во Букурешт бил донесен на инсистирање на Давид Дејвис, екс тренер на клубот.

Македонскиот шампион вчера го потврди трансферот на повремениот репрезентативец на Хрватска, Никола Граховац.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT