Кошаркарите на Тиквеш утре пред својата публика ќе го пречекаат незгодниот Маџари во рамките од 16. коло од најквалитетното домашно кошаркарско натпреварување.
Кавадарчани, кои во претходното коло несреќно загубија на гостувањето кај Чаир, ќе се обидат да стигнат до седмата сезонска победа, со што би останале надвор од опасната зона за испаѓање.
На првата меѓусебна пресметка, која беше одиграна во месец ноември, подобар беше Маџари со 76-74.
Тиквеш моментално се наоѓа на 9. позиција со 21 бод, додека скопскиот тим е на 6. позиција со бод повеќе, односно 22.
Утрешниот дуел, кој ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“, е закажан за 18:00 часот.