Матески со деветка, Мулти Есенс сигурен против Овче Поле

119

Вечерва, со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Овче Поле, стартуваше новото 16. коло во прволигашката конкуренција.

Домаќините стигнаа до убедлива победа од 45:23, откако уште на полувреме имаа висока предност од 22:9.

Одлична партија во победничкиот состав одигра Јулијан Матески, кој натпреварот го заврши со девет погодоци. Дарјан Ѓоќески имаше шест реализации, додека по пет пати погодија Немања Џигероски и Стеган Ѓоргиевски.

Во редовите на Овче Поле, најефикасни беа Кристијан Коцевски и Андреј Игњатов со по пет погодоци.

За Мулти Есенс ова беше 15-та сезонска победа, со која го презеде лидерското место на табелата со 28 бода, два повеќе од Младост, кој има и натпревар помалку.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT