Бутелци славеа над Тиквеш: Познато е кој ќе разигрува за титулата, а кој ќе се бори во плеј-аутот!

179

Тимот на Бутел Скопје, со победата против Тиквеш од 33:25 во последното коло од регуларниот дел од Супер лигата, си обезбеди пласман во плеј-оф фазата.

Кавадарчани, на две кола пред крајот, обезбедија ТОП 6, а останатите четири екипи кои ќе разигруваат за титулата се Алкалоид, Охрид, Вардар и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

22. коло ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Охрид и Пролет. Охриѓани поради европски обврски дуелот со скопскиот тим ќе го одиграат по враќањето од Чешка.

Во плеј-аутот, односно во битката за опстанок, ќе се борат Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Пролет, Куманово, Струга и Радовиш.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT