Лидерот во Првата лига, Младост од Богданци, на гостувањето кај Вардар Неготино обезбеди победа со 35:24 (17:16), со што стигна до 14-ти сезонски триумф.
Неготинци беа незгоден ривал 40 минути, во најголемиот дел од првото полувреме водеа, на моменти имаа и плус три гола предност (9:6, 10:7, 11:8), но во вторите 30 минути гостите беа далеку подобри на теренот.
Во последниот период од натпреварот, гостите ја зголемија стекнатата предност и со цел плен заминуваат од Неготино.
Најефикасен во победничкиот табор беше Никола Димитров со 11 погодоци, а го следеа искусните Зоран Стојановски и Лазар Адамовиќ, кои постигнаа по седум гола.
Кај Вардар Неготино, Ѓорѓи Орешков беше најефикасен со десет погодоци.