Узунчев ја проби „стотката“ во Супер лигата

208

Екипата на Бутел Скопје со победата над Тиквеш од 33:25  по осмипат во осмата сезона од најквалитетното домашно натпреварување си обезбеди пласман во плеј-офот.

На дуелот со Тиквеш, довчерашниот младински репрезентативец на Македонија, Димитар Узунчев, постигна четири погодоци и ја надмина бројката од 100 голови.

Узунчев е десеттиот ракометар во Супер лигата кој успеал да ја мине границата од 100 гола. Гевгеличанецот пред дуелот со кавадарчани имаше 97 погодоци, а по натпреварот стигна до 101.

Бутелци во плеј-оф фазата ќе играат против Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид и Тиквеш.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT