Еден од ракометните клубови кои постојано вложуваат во младинските категории е Младост од Богданци. Амбициозниот прволигаш секогаш знае да произведе квалитетен кадар за сениорскиот тим и, доколку направи кам-бек во елитата, младите надежи ќе имаат дополнителна мотивација да се покажуваат во најдобро светло против најсилните.
На вечерашниот дуел меѓу Вардар Неготино и Младост Богданци, дуел кој гостите го добија со 35:24, свое деби во сениорска конкуренција имаше Лука Лукиќ, кој настапува за младинските категории на клубот.
Со само 13 години и седум месеци, Лукиќ покажа дека знае да одговори на задачата и ја оправда дадената доверба од стручниот штаб на Младост.
Лука е син на Далибор Лукиќ, поранешен македонски репрезентативец и поранешен член на ТК Бренд, Младост и Металург.