По возбудливата сениорска пресметка меѓу Алкалоид и Вардар која се одигра вчера, денеска на програмата беше ново градско дерби, овојпат во младинска конкуренција. За разлика од сениорите, на овој натпревар немаше никаква неизвесност, бидејќи домаќините убедливо го добија дуелот против „црвено-црните“, триумфирајќи со 47:25.
Победничката екипа беше предводена од кадетскиот репрезентативец Максим Гарбески, кој постигна 12 погодоци, шест додаде Антонио Наковски, а петпати погоди Марко Ковачевиќ. Кај Вардар, Огнен Тасевски беше прв стрелец со шест погодоци.
Предводен од Горазд Дамчевски и Давор Крстески, тимот на Пролет победнички го започна вториот дел од младинската лига. Пролет пред својата публика славеше над Куманово со 39:26, со што се зацврсти на третата позиција на табелата и сега има 20 бода.
Дамчевски натпреварот го заврши со десет успешни реализации, а Крстески, покрај асистенциите, погоди и седум пати во гостинската мрежа. Свој придонес во победата дадоа и Лука Јовиќ (4), Трајче Костов (4), Ѓорѓи Лешниковски (4), Мартин Деспотовски (3)… Во редовите на Куманово, едни од двајцата со суперлигашко искуство, Тино Стојановски и Христијан Вујичевски постигнаа вкупно 17 погодоци.
Голманот Атанасиј Трсунов со 15 интервенции беше еден од клучните фигури во победата на Бутел против Еурофарм Пелистер 2. Скопскиот тим триумфираше со 30:24, а во нападот на победничката екипа доминираше Марко Каевски со 11 погодоци. Кај битолчани отскокна Томче Пецаковски со осум реализации.
Младинска машка лига, 15. коло, резултати:
Мулти Есенс – Тиквеш 39:25 (14:12)
Бутел – Еурофарм Пелистер 2 30:26 (14:10)
Алкалоид – Вардар 47:25 (27:10)
Пролет – Куманово 39:26 (20:13)
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино – одлож.
ТАБЕЛА

Младинскиот шампион славеше против Тиквеш – бомба гол на Мики Лазов (ВИДЕО)