Словенците го селат Цехте во Алкалоид

164

Според пишувањата на специјализираниот ракометен сајт „Handballia“, десниот бек Цејт Цехте би можел да се врати во Македонија, но во друг клуб.

Споменатиот медиум, кој можниот трансфер го засновува на шпекулации во македонските ракометни кругови, наведува дека искусниот ракометар е пред можен трансфер во Алкалоид.

Цехте летото 2023 година пристигна од ГОГ во Еурофарм Пелистер, но од битолскиот клуб замина предвреме, кон крајот на ноември минатата година, откако Фуксе Берлин го ангажираше како замена за повредениот Фабијан Виде.

Договорот на Словенецот со бундеслигашот истекува ова лето, па во наредниот период се очекува да се дознае дали шпекулациите ќе се покажат како точни.

Десниот бек поради семејни причини не настапи на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT