Екипата на Стружанка во натпревар од 15. коло од Првата лига лесно славеше на гостувањето во Гостивар против Јехона.
Стружанки обезбедија убедлива победа против далеку помладиниот тим, триумфираа со 36:11 (14:5) и го забележаа своето 6-то сезонско славје.
Еџе Сејадин беше најефикасна на натпреварот со 15 погодоци (сите од игра), а кај Јехона, Бленда Абдулаји и Алтина Хасани имаа по три реализации.
Во следното, 16. коло, ракометарките на Стружанка ќе го пречекаат Овче Поле Славјански Универзитет, додека Јехона, која главно се потпира на играчи од генерацијата 2010 и стекнува драгоцено искуство, ќе гостува во Скопје кај Шампион.