Во рамките на 15. коло од Супер лигата во женска конкуренција, тимот на Металург Автокоманда не го одигра натпреварот против Вардар, а во 14. коло не се појави ниту на дуелот со Чаир.
Според пропозициите, на клубот му следува исклучување од лигата. Тоа значи дека Супер лигата ќе продолжи со седум екипи, а последнопласираниот тим ќе игра суперлигашки бараж со второпласираниот од прволигашката конкуренција.
Металург Автокоманда, поради финансиски проблеми, остана без сите ракометарки од сениорскиот тим, а поголемиот дел од ракометарките кои настапуваа во младинските категории пронајдоа нови средини.
Од клубот си заминаа и тренерите Јулијана Дамчевска и Мери Арсениевска, која се пресели во Чаир, па сосема е извесно дека клубот повеќе нема да постои.