Екипата на Младост Богданци се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија, откако во елиминациското коло, на свој терен, славеше над Текстилец од Штип со 36:22.
По дебито на Лука Лукиќ, кој во сениорска конкуренција дебитираше на натпреварот против Вардар Неготино, вечерва во сениорскиот дрес на Младост за првпат заигра 13-годишниот Стојан Иванџиков, уште еден бисер од школата на клубот.
Иванџиков ја оправда дадената доверба и покрај тоа што дебитираше на сениорски ниво, успеа да постигне гол.
Младост е еден од ракометните клубови кои напорно вложуваат во младинските категории. Учествувањето на меѓународни турнири, давањето шанса на младите на сениорско ниво и амбициите во Првата лига се само некои од причините поради кои клубот заслужува пофалби.