Во натпревар од 16. коло од прволигашката конкуренција се сретнаа двете најмлади тимови на сениорско ниво, Шампион и Јехона, а драмата во Скопје им припадна на гостинките од Гостивар кои триумфираа со 21:20 (10:7).
Голот за победа на Јехона беше дело на Алтина Хасани, која на минута пред крајот успешно реализираше. Домаќинките имаа напад за реми, но голманката на гостинките, Есра Мустафи, го одбрани ударот на домаќинот.
Освен Хасани, во редовите на победничката екипа се истакна и искусната Лазарела Лазареска, која исто така погоди петпати, додека три гола постигна и херојот Мустафи. Кај Шампион, Катерина Тосеска беше најефикасна со шест реализации, а една помалку имаше Катја Маркоска.
Јехона, која оваа сезона реши за првпат да се испроба на сениорско ниво, сега има три победи на своето конто, сите три ги оствари против скопскиот тим, кој останува без освоен бод, но со оглед на играчите со кои располага, сите натпревари за нив се драгоцено искуство.