Денеска стартуваше вториот дел од сезоната во пионерската машка лига, во која настапуваат играчи од генерацијата 2010 и помлади, а на победа на првите дуели се радуваа екипите на Тиквеш, Куманово, Еурофарм Пелистер 2, Пролет и Охрид. Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат уште три дуели.
Кавадарчани, предводени од Зоран Булуков и Марио Ѓорѓиев, имаа лесна задача против Радовиш и триумфираа со 31:17, а двајцата ракометари постигнаа по девет погодоци. Ист број голови кај поразениот тим имаше Давид Ѓорѓиев.
Тиквеш во првиот дел од тековната сезона имаше пет победи, а со освоените бодови против Радовиш се зацврсти на четвртата позиција на табелата во групата Б, позиција што носи пласман во четвртфиналето, односно во борбата за Ф4.
Во Струга, Динг го пречека соседот Охрид и славеше со 18:15, додека на првата пресметка подобар беше Охрид со 22:16. За Охрид ова беше прв сезонски пораз, но и покрај тоа останува на лидерската позиција во групата А, додека тимот од Струга се бори за подобар пласман.
Петар Дуноски со седум погодоци ги предводеше домаќините до четвртата сезонска победа, додека кај Охрид прв стрелец беше Горазд Сиљаноски со пет реализации.
Пионерска машка лига, 10. коло
РЕЗУЛТАТИ:
Група А
Бутел – Пролет 14:19 (6:11)
Марко Димитриевски 9/Филип Коцев 5
Динг – Охрид 18:15 (8:8)
Петар Дуноски 7/Горазд Сиљаноски 5
01/03, 12:00, Вардар – Струга
01/03, 14:00, Мулти Есенс – Прилеп
Еурофарм Пелистер – слоб.
Група Б
Младост – Еурофарм Пелистер 2 16:19 (7:10)
Стојан Иванџиков 5/ Даниел Христовски 7
Гемиџии – Куманово 15:25 (8:10)
Андреј Наумов 8/Немања Цветковски 10
Тиквеш – Радовиш 31:17 (16:8)
Зоран Булуков 9, Марио Ѓорѓиев 9/Давид Ѓорѓиев 9
01/03, 13:00, Шампион – Македонија ЃП
Алкалоид – слоб.