Екипата на Стружанка пред својата публика приреди изненадување, славејќи над Овче Поле Славјански Универзитет со 32:27 (16:10) во натпревар од 16. коло од прволигашката конкуренција.
Тимот од Свети Николе во минатото коло одигра одлично против МРК Ѓорче Петров 2, но денеска мораше да им подаде рака на подобрите. На претходните две меѓусебни пресметки, тимот на Овче Поле Славјански Универзитет победи убедливо (33:26, 32:18).
Стружанка имаше предност во текот на целиот натпревар, а најискусната во редовите на тимот, голманката Марина Митоска, натпреварот го заврши со 18 интервенции.
Во нападот се истакнаа Маја Раткушиноска со девет, Теодора Маркоска со осум, и Тијана Переска и Еџе Сејандин, двете со по седум успешни реализации.
Кај гостинките, најефикасни беа Елена Вучевска и Јована Ангеловска, со по осум погодоци.
На победа во 16. коло се радуваше и Јехона, а новиот клуб на ракометната мапа во Македонија – Атлетик на гостувањето во Прилеп кај Деспина со подобрата игра во вториот дел стигна до нова победа за 13 од 13 во Првата лига.
Прва лига, жени, 16. коло, резултати:
Стружанка – Овче Поле Славјански Универзитет 32:27 (16:10)
Деспина – Атлетик 27:32 (16:16)
Шампион – Јехона 20:21 (7:10)
МРК Ѓорче Петров – слоб.
ТАБЕЛА
