Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва против Белгија ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски мора да ги добијат двата дуели против Белгија за да останат во игра за настап на континенталниот собир.
Натпреварот започнува во 20:10 часот, а може да го проследите на овој ЛИНК (потребна е претходна регистрација и претплата на ЕХФ ТВ).
Реванш дуелот меѓу двете селекции ќе се одигра на 7 март во Куманово.