Бобан Поповски стана нов РЕКОРДЕР во Македонија – постигна 37 голови против неготинци!

522

Еден од големите надежи на македонскиот ракомет, Бобан Поповски, постави нов рекорд по бројот на постигнати голови на еден натпревар на домашна сцена.

Поповски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на вицепрвакот Вардар, на дуелот против Вардар Неготино во натпревар од 17. коло од младинската лига постигна неверојатни 37 погодоци.

Неговиот тим, пак, исто така стана нов рекордер по бројот на постигнати голови на еден натпревар, бидејќи 86 пати ја затресе мрежата на гостите, а прими само 17 гола.

Вардар Неготино на овој натпревар настапи со само четири стандардни младинци, а останатите играчи беа далеку помали. 

Пред вечерашниот меч во Автокоманда, рекордот по број на постигнати погодоци го држеше поранешната репрезенативка Матилда Атанасовска (33).

Мулти Есенс е актуелен бранител во младинската конкуренција, а во досегашниот тек од сезоната загуби само еднаш.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT