Крстевски во првата група Македонци евакуирани од Израел

224

Првата група македонски државјани евакуирани од Израел синоќа пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје, откако претходно биле пренесени преку Египет како дел од организирана акција за нивно безбедно враќање во земјата.

Станува збор за шест македонски државјани, кои претходно патувале по копнен пат од Израел до Египет, од каде што бил организиран лет до Скопје. Меѓу патниците во оваа група беше и поранешниот македонски ракометен репрезентативец Горан Крстевски, кој заедно со останатите македонски граѓани безбедно се врати дома.

Крстевски во вториот дел од оваа сезона одлучи да настапува во Израел. Му тргна добро во дресот на Нес Зиона, но конфликтот на Блискиот Исток ги промени плановите.

На аеродромот пристигнатите ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој истакна дека евакуацијата била комплексна операција што барала координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

Во Израел настапуваше уште еден ракометар – Христи Бикоски, кој се врати во Македонија преку српскиот лет.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT