Младите надежи на Преспа го освоија Прилеп

416

Кадетите на Преспа на гостувањето во Прилеп остварија победа од 28:22 и се радуваа на третиот сезонски триумф.

На првата меѓусебна пресметка во Ресен, кадетскиот тим на Прилеп ја доби драмата славејќи со 26:25, но вечерва не успеа по вторпат да биде подобар.

Гостите од Ресен победата ја обезбедија со подобрата игра во вториот дел, а на пауза имаа предност од плус три, 17:14.

Победничката екипа беше предводена од Борјан Веслиевски со седум погодоци, шест постигна Виктор Ѓорѓиевски, пет имаше Христијан Антоновски, четири реализации запишаа Ѓорѓи Николовски и Драган Ивановски, а Александар Волкановски и Љупчо Јовановски погодија еднаш. Симон Јовановски беше одличен на голот и имаше свој удел во освоените бодови на гостите.

Кај Прилеп, Марио Столески беше најрасположен со десет погодоци, но неговата ефикасност не беше доволна за барем бод на вечерашниот меч.

Кадетска машка лига, 11. коло, резултати:
Група А
Младост – Радовиш 33:28
Стојан Иванџиков 11/Александар Ѓоргиев 7
Текстилец – Овче Поле 32:23
Христијан Харизанов 8, Христијан Коцев 7/Стефан Паневски 9
Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 23:41
Матеј Мачковски 4, Дамјан Мартиновски 4, Новак Вељановски 4, Даниел Христовски 4/Тома Симоновски 7, Бобан Поповски 7
Вардар – Илинден Вардар 35:27
Антонио Трајановски 8, Давор Мечкароски 7/Никола Павловски 8

ТАБЕЛА

Група Б
Струга – Пролет 19:41
Лукас Стефановиќ 7, Валентин Ѓорговски 7/Лука Јовиќ 10
Македонија ЃП – Алкалоид 33:36
Никола Кузевски 10/Михаил Арсиќ 14
Охрид – Еурофарм Пелистер 33:36
Илија Трајчески 9, Тане Јанчески 8,  Матео Сиљаноски 7/Андреј Георгиев 9, Стефан Василевски 8
Прилеп – Преспа 22:28
Марио Столески 10/Борјан Веслиевски 7

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT