Андреј Георгиев до „стотка“ во кадетската лига

140

По 11 одиграни кола во кадетската ракометна лига во машка конкуренција, актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, го има вториот најдобар стрелец.

Станува збор за десното крило Андреј Георгиев, кој на натпреварот против Охрид, кој неговиот тим го доби со 36:33, постигна девет погодоци и стигна до бројката од 100 гола во досегашниот тек од сезоната.

Георгиев зад себе има и европско исксутво – минатата сезона со Еурофарм Пелистер настапи на младинскиот Ф4 во Лигата на шампионите.

Засега лидер на листата на стрелци е членот на Македонија Ѓорче Петров, Никола Кузевски. Бекот на 11 натпревари постигна 131 погодок.

Во ТОП 5 стрелците кај кадетите се уште Михаил Арсиќ (Алкалоид) – 88, Никола Павловски (Илинден Вардар) – 86 и Методи Младеновски (Младост) – 79

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT