Кил, Веспрем, ПСЖ…влегуваат во трката за потписот на „ракометниот Јамал“

86

На Европското првенство, кое се одржуваше во Данска, Норвешка и Шведска, големо внимание привлече настапот на 18-годишниот репрезентативец на Шпанија, Маркос Фис.

Ѕвездата во подем веднаш го привлече вниманието на големите клубови. Тој одигра одличен турнир, иако со својата репрезентација не успеа да ја мине главната фаза.

Младиот бек во моментов настапува за Гранољерс, а покрај Барселона, според шпанските медиуми, за неговиот потпис биле заинтересирани уште неколку европски гиганти – Кил, Веспрем, ПСЖ, па дури и Спортинг.

Дури  и најголемата ракометна ѕвезда денес, Матијас Гидсел, беше воодушевен од неговите партии на Европското првенство, што покажува дека Фис беше една од темите меѓу ракометарите за време на континенталниот собир.

„Заедно со моите соиграчи, кога седевме во соблекувалната за време на полувремето со Шпанија, зборувавме за него, зборувавме за тоа колку е смирен, колку е експлозивен и колку само потсетува на Ламин Јамал“, изјави Гидсел за ТВ2.

Интересно е што неговиот татко, Хулио Фис, во својата клупска кариера има настапувано во Бундес лигата, поточно за Кил.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT