Младинците на Еурофарм Пелистер 2 по вторпат подобри од Алкалоид

110

Вечерва со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел ќе биде комплетирано 17. коло во младинската лига во машка конкуренција, а на вчерашните три одиграни натпревари најнеизвесно беше во Автокоманда.

Еурофарм Пелистер 2 славеше против Алкалоид со 24:23 (11:12), а во нападот кај битолчани се истакнаа Стефан Лазаревски со осум погодоци, Томче Пецаковски со шест и Андреј Дамчевски со пет реализации.

Одлични на голот беа Мелин Фехми и Иван Младенов. Фехми имаше 13 одбрани, додека Младенов запиша седум, па и двајцата беа едни од најзаслужните за победата на својот тим.

Кај Алкалоид, Андреј Ѓорѓески со седум погодоци беше најефикасен, додека пет постигна Максин Гарбески.

На првата меѓусебн пресметка, одиграна на 16 ноември, битолчани беа убедливи со осум гола разлика, 35:27.

За Еурофарм Пелистер 2 ова беше 14-та сезонска победа и со новите два бода се зацврсти на втората позиција на табелата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT