Во Кавадарци паднаа 67 гола – Тино Стојановски постигна 17

93

Младинците на Куманово во натпревар од 17. коло од младинската лига гостуваа кај врсниците на Тиквеш во Кавадарци, а на натпреварот на кој беа постигнати вкупно 76 гола, на победа се радуваа гостите.

Куманово триумфираше со 37:30 (22:18), а домаќините речиси во текот на целиот прв дел беа рамноправен ривал. Во вториот дел работите започнаа да се движат во посакуваната насока на гостинскиот состав.

Тие го имаа расположениот Тино Стојановски, кој натпреварот го заврши со 17 погодоци, а шест помалку (11) имаше членот на Тиквеш, Димитриј Ангелов, но неговата добра ефикасност не беше доволна за поволен резултат на домаќините.

. За Куманово ова беше осма сезонска победа и со освоените два бода од Кавадарци дојде до 17 и моментално е на 6. позиција на табелата, додека Тиквеш останува со биланс од четири победи и 13 порази.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT