Познат датумот и судискиот пар за вечното дерби во Битола

130

Овој викенд се натпреварите од 2. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут. Во разигрувањето за титулата, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика ќе го пречека вечниот ривал Вардар.

Натпреварот е закажан за недела, 15 март, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Правдата на овој дуел ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Ден претходно, на 14 март, амбициозниот Охрид ќе биде домаќин на Алкалоид. Тимот предводен од Борис Ројевиќ на првата меѓусебна пресметка одигра нерешено во Автокоманда, но на втората триумфираше со четири гола разлика, 28:24.

На натпреварот во Охрид ќе судат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Интересно се очекува да биде и во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе се обиде да го победи Бутел и да го забележи првиот триумф во плеј-офот. Оваа пресметка, која ќе се одигра на 15 март, ќе ја судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Супер лига, плеј-оф, 2. коло, распоред:
14.03, 18:00, Охрид – Алкалоид
15.03, 18:00, Тиквеш- Бутел Скопје
15.03, 19:00, Еурофарм Пелистер – Вардар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT