Ракометарите на Тиквеш пред домашната публика ја забележаа првата плеј-оф победа и сега се на 5-то место на табелата со 24 бода.
Избраниците на Кристијан Грчевски славеа против Бутел Скопје со 25:20 (16:10) во натпревар од 2. коло, а голем хендикеп за скопскиот тим беше отсуството на Димитар Узунчев.
На овој натпревар беа доделени два црвени картони. Во воведниот дел, членот на Бутел, Теодор Тодески, мораше да се пресели на трибините, додека пет минути пред крајот на првиот дел, левото крило Димитар Коцев, исто така, мораше да го напушти теренот.
Василије Печурица беше солиден на голот кај победничкиот тим и натпреварот го заврши со 15 интервенции, додека во нападот се истакнаа Богдан Мијушковиќ (7), Мартин Димоски (5) и Димитар Коцев (5).
Кај гостите најефикасен беше Мице Шилегов со четири погодоци. Голманите Благојче Трајкоски и Атанасиј Трсунов собраа вкупно осум интервенции.
Петтопласираниот тим би можел следната сезона да игра во Европскиот Куп, па така секој бод за овие две екипи ќе биде од големо значење.
Во следното 3. коло, Тиквеш ќе гостува во Автокоманда кај Алкалоид, додека Бутел ќе го пречека актуелниот шампион, Еурофарм Пелистер