Поранешната репрезентативка на Македонија и актуелна членка на Деспина, Мери Гичева, иако има 40 години, сѐ уште претставува голема закана за секој ривал. Искусната Гичева на натпреварот од Женската лига против актуелниот шампион, Ѓорче Петров, имаше неколку атрактивни погодоци, а освен добрата реализација, одигра на посакуваното ниво во одбрана.
Гичева во својата кариера настапуваше за Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа, Жито Прилеп, Верија (Грција), Цетате Дева (Романија), Верона (Италија) и во косовските Приштина, Вучитрин и Феризај.