Струмица домаќин на Ф4 во Купот, формирани и селекции до 13 и 15 години

262

На денешната седница на управниот одбор на РФМ беа донесени неколку важни одлуки поврзани со функционирањето на националните селекции, инфраструктурните проекти и организацијата за Купот на Македонија.

Управниот одбор ги утврди и термините за завршницата на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Домаќин на финалниот турнир ќе биде Струмица, а Ф4 во машка конкуренција обезбедија Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид.

Завршниот турнир ќе се одигра во периодот од 17 до 19 април, а истиот распоред ќе важи и за женската конкуренција.

На Управниот одбор се даде и зелено светло за формирањето на две нови машки младински репрезентации – до 13 и до 15 години, со цел порана селекција и системска работа со младите таленти.

За селектор на репрезентацијата до 15 години е назначен Никола Матлиески, додека поранешниот репрезентативец Филип Миркуловски ќе ја предводи селекцијата до 13 години.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT