Познат составот на Еурофарм Пелистер за младинската ЛШ!

158

Актуелниот кадетски шампион на Македонија, тимот на Еурофарм Пелистер, и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите и ќе има можност да стекне драгоцено исксутво.

Битолчани втора година по ред ќе бидат дел од младинската ЛШ, а во минатата сезона стигнаа до завршниот турнир во Келн и потврдија дека припаѓаат меѓу најперспективните младински екипи на континентот.

На квалификацискиот турнир, кој ќе се одржи на 30 и 31 март во Пореч, во полуфиналето македонскиот претставник ќе се соочи со данскиот Алборг. Во второто полуфинале играат екипите на Загреб и Фуксе Берлин. Победниците од двете полуфиналиња ќе играат за место на завршниот турнир во Келн.

Во составот на тимот се голманите Јован Мацанковски и Василиј Пајковски, крилните играчи Павел Велјановски, Томислав Кебаковски, Лука Кочанов, Константин Бундалевски и Андреј Георгиев, бековите Тео Спировски, Владимир Марковски, Давид Здравковски, Стефан Василевски, Горазд Мијалчев, Иван Митровски и Александар Дуковски, како и пивотите Бојан Бојчевски и Јован Симоновски. Тимот е предводен од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кои и во минатата сезона беа предводници на тимот во ЛШ.

Од клубот потенцираат дека оваа генерација е пример за посветеност, дисциплина и тимски дух. Поддршката од македонската спортска јавност ќе биде дополнителен мотив за младите „зелено-бели“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT