ТОП 5 кај младинците: Јовановски, Стојановски, Поповски, Георгиев и Лазов

422

Пред неколку дена заврши регуларниот дел во младинската лига во машка конкуренција, а по 18 одиграни натпревари лидер на листата на стрелци остана членот на Вардар Неготино, Јован Јовановски.

Бекот на 17 натпревари постигна 168 погодоци и има најдобар просек од сите младинци – 9.88 гола по натпревар.

На второто место се наоѓа членот на Куманово, Тино Стојановски, кој зад своето име има запишано 157 погодоци, додека трет стрелец е Бобан Поповски од Мулти Есенс со 133 погодоци.

Ресенчанецот на почетокот на март стана нов рекордер во Македонија по бројот на постигнати голови на еден натпревар, откако на дуелот против Вардар Неготино броеше до 37.

Во ТОП 5 се уште Андреј Георгиев од Еурофарм Пелистер со 118 и Мики Лазов од Тиквеш со 117 погодоци.

Екипите на Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Алкалоид, Бутел, Куманово и актуелниот бранител на титулата, тимот на Мулти Есенс, ќе играат во плеј-оф фазата во младинската лига. Четири екипи – Еурофарм Пелистер, Вардар, Тиквеш и Вардар Неготино се селат во плеј-аут сегментот.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT