Преспа домаќин на еден од кандидатите за Супер лига

352

Викендов ќе се одиграат натпреварите од 19. коло во прволигашката конкуренција, а екипата на Преспа пред својата публика ќе го пречека Мулти Есенс, тим составен од играчи кои настапуваат во младинските селекции на Македонија.

Публиката во Ресен ќе има можност одблиску да ги проследи квалитетите на гостите, кои во досегашниот дел од сезоната имаат само еден пораз, од лидерот Младост Богданци. Преспа, пак, низ натпреварите покажа дека располага со талентирани играчи и секоја поддршка од домашната публика за нив ќе биде мотивација повеќе на дуелот со поранешниот суперлигаш.

Мулти Есенс има реални шанси за директен пласман во Супер лигата, но како опција останува и влез преку суперлигашки бараж, нешто што не му успеа минатата сезона, откако загуби од Струга.

Натпреварот меѓу Преспа и Мулти Есенс е закажан за 22 март со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT