Викендов, екипите на ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет и РК Овче Поле ќе гостуваат во Гостивар, кај тимот на Јехона.
Дамите ќе одиграат први, а пресметката е закажана за 16:30 часот, додека машката пресметка е закажана подоцна, од 19:00 часот.
Избраничките на Илија Бетувски се борат да го задржат второто место во прволигашката конкуренција, кое води кон суперлигашки бараж. Засега имаат 20 бода, два повеќе од МРК Ѓорче Петров, кој има натпревар помалку.
Ракометарите на Овче Поле, кои на 17 одиграни натпревари забележаа пет победи, на првата меѓусебна средба со Јехона славеа со 39:32.
Женската екипа на Јехона за оваа сезона одлучи по првпат да пријави екипа на сениорско ниво и најголемиот дел од ракометарките се од генерацијата 2010, а тимот од Свети Николе на неделниот натпревар ја имаат улогата на фаворит.