Во натпревар од 10. коло од кадетската лига во женска конкуренција, тимот на Деспина на гостувањето во Струга кај Стружанка триумфираше со 25:23 (12:9) и ја запиша четвртата сезонска победа.
Победничката екипа беше предводена од Анастасија Јовановска со 12 погодоци, додека на спротивната страна два повеќе (14) постигна Еџе Сејадин, но нејзината одлична партија не беше доволна за барем бод за домашниот тим.
Поголемиот дел од ракометарките од двете екипи настапуваат и на сениорско ниво, односно во Првата лига, па ваквите натпревари се од особена корист за нивниот развој и стекнување дополнително искуство.
10. коло ќе биде комплетирано со утрешниот дуел меѓу Гевгелија Југ и Овче Поле Славјански Универзитет. Лидерот Вардар, кој досега нема загубено бод, е слободен во ова коло.