Машката сениорска репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2027 ќе се бори против селекцијата на Словачка.
Денеска ракометарите на Словачка успеаја да го минат вториот бараж. Загубија минимално од Украина со 32:31, но победата од првиот натпревар, изразена со три гола разлика (27:24), им донесе пласман во третиот бараж за Мундијалот.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Словачка ќе се игра на 13 или 14 мај, а дополнително треба да биде познат и градот домаќин, додека реваншот ќе се игра во Скопје на 16/17 мај.
Доколку Македонија обезбеди пласман на Светското првенство, тогаш во 2027 година ќе го има својот 10-ти настап на Мундијалите, односно ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.