Овче Поле Славјански Универзитет лесно го освои Гостивар

66

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет ја забележаа 11-та сезонска победа, откако на гостувањето во Гостивар славеа над Јехона.

Гостинската екипа против младиот домашен тим триумфираше со 37:12, а во победата беше предводена од Јана Ристовска, која постигна девет погодоци, седум имаше Наталија Манева, а по пет постигнаа Анастасија Сентовска и Јована Ангеловска. Кај Јехона се истакна Алтина Хасани со девет реализации.

Во следното 19. коло од Првата лига, Овче Поле Славјански Универзитет ќе биде домаќин на Деспина, додека Јехона е слободна.

За клубот од Свети Николе, натпреварот против Деспина има голема важност, бидејќи евентуална победа ќе му овозможи да остане на второто место, кое води во суперлигашкиот бараж.

Тимот предводен од Фари Селмани и Радислав Стрезовски оваа сезона за првпат настапува на сениорско ниво, па секој натпревар за младите ракометарки е искуство повеќе.

SPORT