По победата на сениорската екипа на Овче Поле Славјански Универзитет над Јехона, на триумф се радуваше и кадетскиот тим, кој на гостувањето кај Гевгелија Југ славеше со 22:14 (10:10) во натпревар од 10. коло од кадетскиот шампионат.
За кадетките на Овче Поле Славјански Универзитет ова беше трета сезонска победа, додека клубот од Гевгелија и натаму е без освоен бод во досегашниот тек од сезоната.
Гостинките до победата дојдоа со одличната игра во вториот дел, во кој дадоа дури 14 погодоци, а примија само четири – показател што јасно говори каква одбрана одиграле.
Најефикасна во победничката екипа беше Тијара Темелковска со шест погодоци, по четири имаа Нина Крстева и Лана Младеновска. Кај домашниот состав, Драгана Кузманова и Мелита Бурмузоска беа најефикасни со по четири реализации.