Викендов дерби во Автокоманда што може да го реши патникот во Супер лига

108

Овој викенд во Автокоманда ќе се одигра прволигашкото дерби меѓу двете водечки екипи на табелата, Младост и Мулти Есенс. Двата поранешни суперлигаши ќе ја имаат втората меѓусебна пресметка сезонава во 20. коло, а на првата, одиграна во Богданци, поуспешни беа избраниците на Горан Андоновски, кои славеа со 31:30.

Младост досега е максимален и нема загубено ниту еден бод, додека тимот на Миле Бочкаровски го има единствено поразот токму од ривалот од Богданци, а на сите останати натпревари забележа победи. Токму затоа дербито во Автокоманда би можело да биде и клучно во битката за директен пласман во Супер лигата за следната натпреварувачка сезона.

Со оглед на формата на двата тима и значењето на бодовите, јасно е дека љубителите на домашниот ракомет ги очекува неизвесен и возбудлив натпревар. Оној тим кој ќе заврши на второто место ќе игра суперлигашки бараж, а оваа сезона во Првата лига се играат 26 кола.

Останува да се види дали Младост ќе го задржи перфектниот ефект, или Мулти Есенс ќе возврати. Младиот тим од Автокоманда во претходното коло славеше во Ресен кај Преспа со 33:21, додека Младост службено го доби натпреварот кој требаше да го одигра против Кичево во Охрид.

Утре ќе биде познато дали прволигашкото дерби ќе се одигра во сабота или во недела.

 

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT