Тиквеш го совлада Куманово и остана во игра за плеј-офот

36

Тиквеш славеше над еден од ривалите за место меѓу најдобрите осум екипи, тимот на Куманово, со 92-86 во последниот меч од 20. коло од Супер лигата и направи голем исчекор кон плеј-офот.

Во последните две кола од регуларниот дел од сезоната, кавадарчани ќе играат против Пелистер на гости и против ТФТ на домашен терен. Иако на стартот од сезоната не му тргна добро, сепак тимот на Тиквеш успеа да се консолидира, а победата против Куманово беше деветта сезонска, односно трета во последните четири натпревари.

Што се однесува до натпреварот, по израмнетиот почеток, кавадарчани во втората четвртина ја преземаа контролата и во продолжението го диктираа темпото. Во финишот имаа и „плус 16“, а Куманово само успеа да го ублажи поразот.

Најефикасни кај Тиквеш беа Глигоријевиќ и Радукиќ со по 20 поени, а кај Куманово исто толку уфрли Радукиќ.

РЕЗУЛТАТИ 20.КОЛО:
Работнички – Ангели  107:67
Гостивар – Маџари  86:66
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром  88:80
Чаир 2030 – Феникс 2010  67:81
ТФТ – Пелистер  99:84
Тиквеш Голден Игл – МКК Куманово  92:86

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT