Дали е ова голот на сезоната? Димитриоски погоди од речиси пола терен (ВИДЕО)

171

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 3. коло од суперлигашкиот плеј-аут славеа на гостувањето во Струга кај истоимениот тим.

Избраниците на Наум Танески триумфираа со 31:25 и со освоената победа го задржаа лидерското место во плеј-аут сегментот, односно стигнаа до 13-та сезонска победа.

Стандардно, во таборот на Прилеп се истакна капитенот Димитар Димитриоски, кој натпреварот во Струга го заврши со осум погодоци, а еден од нив можеби е и голот на сезоната.

ВИДЕО

Димитриоски на 25 одиграни натпревари постигна 169 погодоци во досегашниот тек од сезоната во домашната елита. Иако игра како лево крило, искусниот ракометар со интернационално искуство може да одигра на секоја позиција и претставува голема закана за секој ривал.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT