Мулти Есенс убедливо го доби дербито со Младост и е на милиметар до враќање во елитата

151

Тимот на Мулти Есенс го доби прволигашкото дерби против Младост Богданци, славеше со 39:27 нанесувајќи му го првиот сезонски пораз во рамките од 20. коло и го презеде лидерското место на табелата.

На првата меѓусебна пресметка, која беше одиграна во Богданци, триумфираа момците на Горан Андоновски со 31:30, а домаќините со денешната победа, изразена со 12 гола разлика, веќе се на прагот да ја освојат шампионската титула и директно да се пласираат во Супер лигата, иако до крајот од сезоната преостануваат уште шест кола.

Мулти Есенс сега има 26 бода, додека Младост останува на 24, со натпревар помалку, па на крајот меѓусебниот скор би можел да биде решавачки за првото место. Ракометарите на Мулти Есенс за следни ривали ги имаат екипите на Јехона, Партизан, Текстилец, Вардар Неготино и Драчево Јуниор.

Второпласираниот тим ќе игра бараж со претпоследниот тим од суперлигашкиот плеј-аут.

Што се однесува до денешниот натпревар, по израмнетата игра во првите дваесетина минута, домаќините влегоа во ритам и на полувреме заминаа со резултатка предност од 19:17. Во вторите 30 минути гостите не можеа никако да направат кам-бек, влегоа во голема криза, дозволија ривалот да се одлепи на 27:20 во 40-та минута и тука веќе немаше назад. Џигероски, Матески..продолжија да погодуваат, се разбрани Јорданов, додека на спротивната страна повремени блесоци имаше Адамовиќ, но тоа ни најмалку не беше доволно за неизвесен дуел.

Најефикасен во победничкиот табор беше Немања Џигероски со девет погодоци, по шест постигнаа Јулијан Матески и Дарјан Ѓоќески, а свој придонес во победата имаа и Петар Илиевски (4), Матеј Тевдоски (4), Бобан Поповски (3)…Голманот Стефан Јорданов го заврши натпреварот со 13 интервенции.

Кај Младост, најекспониран беше Лазар Адамовиќ со дури 11 погодоци, пет постигна Никола Димитров, а три додаде Даниел Андоновски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT