🎥 Алборг – Еурофарм Пелистер (ЛИНК, судии и тимот на битолчани)

166

Тимот на Еурофарм Пелистер до 18 години веќе е во Пореч, Хрватска, каде што ќе настапи на квалификацискиот турнир од младинската Лига на шампионите.

Тимот предводен од Фарук Мемиќ и Кире Митревски утре во полуфиналето ќе игра против дански Алборг, а доколку победи, тогаш за пласман на Ф4 турнирот во Келн ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Загреб – Фуксе Берлин.

Натпреварот на младите пелистерци е закажан за утре (30 март) со почеток од 12:00 часот, а правдата на дуелот ќе ја делат Золтан Мароши и Ервин Пап од Унгарија.

Битолчани минатата сезона испишаа историја на првото издание од младинската ЛШ. Го освоија турнирот во Букурешт со победи над Келце и домаќинот Динамо, обезбедија пласман меѓу четирите најдобри европски екипи, настапија во Келн и стекнаа драгоцено искуство.

Пренос од утрешните натпревари ќе има на ЕХФ ТВ, односно на овој ЛИНК (таму ви е потрена регистрација, но и претплата од околу шест евра за двата дуели).

Во составот на тимот кој ќе се бори за пласман во финалето се: Мацанковски Јован, Пајковски Василиј (голмани), Велјановски Павел, Кебаковски Томислав, Кочанов Лука, Бундалевски Константин, Георгиев Андреј (крилни играчи), Спировски Тео, Марковски Владимир, Здравковски Давид, Василевски Стефан, Мијалчев Горазд, Митровски Иван, Дуковски Александар (бекови), Бојчевски Бојан и Симоновски Јован (пивоти), под водство на тренерите Мемиќ Фарук и Митревски Кире.

Завршниот ден од квалификацискиот турнир во Пореч е на 31 март.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT