Николовски одличен на голот, Алкалоид славенички против Еурофарм Пелистер 2 во младинскиот плеј-оф

144

Овој викенд стартуваше првото коло од младинскиот плеј-оф/аут, а колото ќе биде комплетирано со два натпревари кои ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

Со победа во плеј-офот, освен Пролет, стартуваше и Алкалоид, кој за првпат сезонава го победи Еурофарм Пелистер 2. На претходните две пресметки од регуларниот дел, битолчани триумфираа со 35:27 и 24:23.

Домаќините кои што триумфираа со 36:29 (20:17), беа предводени од талентираниот голман Ѓорѓи Николовски. Кадетскиот репрезентативец го одигра еден од своите најдобри натпревари досега на младинско ниво и забележа 20 интервенции, додека во нападот се истакнаа Максим Гарбески (7), Антонио Наковски (7), Теодор Пецаноски (5) и Марко Ковачевиќ (5). Кај Еурофарм Пелистер 2, Александар Славков беше прв стрелец со седум погодоци, додека Андреј Дамчевски имаше шест успешни реализации во домашната мрежа.

Алкалоид сега на свое конто има 11 победи, односно 22 бода, а Еурофарм Пелистер 2 остана на 28, исто колку што има и Пролет. Лидерот Мулти Есенс утре ќе  ги одмери силите со Бутел.

Младинска лига, 1. коло, плеј-оф, резултати:
Пролет – Куманово 37:25 (18:13)
Давор Крстески 10/ Тино Стојановски 6
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 36:29 (20:17)
Максим Гарбески 7, Антонио Наковски 7/Александар Славков 7, Андреј Дамчевски 6
30.03, 18:00, Бутел – Мулти Есенс

Младинска лига, 1. коло, плеј-аут, резултати:
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 49:28 (26:13)
Андреј Георгиев 10, Павел Велјановски 8/Јован Јовановски 12, Давид Станковиќ 8
30.03, 19:00, Вардар – Тиквеш

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT