Легендарниот Стоилов ќе предводи македонски суперлигаш
Легендарниот Стојанче Стоилов од лето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони и ќе го замени Горан Кузманоски, кој заминува по крајот на оваа сезона.
Стоилов, кој во моментов е дел од стручниот штаб во сениорската машка репрезентација, по работата во Вардар, во суперлигашот, кој секогаш се наоѓа меѓу најдобрите екипи ќе го има првиот ангажман како прв стратег.
Поранешниот македонски репрезентативец во играчката кариера настапуваше за Металург, романскиот Одорхеи и Вардар, каде мина дури 13 сезони и освои две титули во Лигата на шампионите, десет титули во македонската Супер лига, 11 трофеи во Купот на Македонија, како и пет титули во регионалната СЕХА лига.
Претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, исто така истакна задоволдство по потписот на договорот.