Денеска со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга, стартуваше 4. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Утре ќе се одиграат три натпревари, а во Кавадарци, кај Тиквеш, ќе гостува вицепрвакот Вардар, па се очекува солидна посетеност во спортската сала „Јасмин“.
Тиквеш, кој е далеку од големата четворка, заедно со Бутел се бори за 5. позиција, која може да донесе и настап на европска сцена.
Натпреварот меѓу кавадаречкиот тим и Вардар ќе се одигра со почеток од 18:00 часот, а правдата ќе ја делат Глигор и Спаско Ќаеви, додека делегат ќе биде Илија Цветкоски.
Натпревари за утре:
18:00, Пролет – Прилеп (плеј-аут)
18:00, Тиквеш – Вардар (плеј-оф)
18:00, Бутел – Алкалоид (плеј-оф)