🎥Младинскиот репрезентативец Јулиан Матески брилираше во Битола (ВИДЕО)

380

Актуелниот шампион во младинската лига, тимот на Мулти Есенс, во натпревар од 2. коло од плеј-оф фазата славеше на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 48:33.

Во спортската сала „Боро Чурлевски“, импресивна партија имаше младинскиот репрезентативец Јулиан Матески од гостинската екипа.

Охриѓанецот натпреварот го заврши со дури 18 погодоци, сите од игра, додека девет постигна Бобан Поповски, а шест додаде Дарјан Ѓоќески.

Бекот освен што одигра за 10+во нападот, одигра и за 10+ во одбраната.

БЕШЕ ЕДНОСТАВНО НЕЗАДРЖЛИВ ВО НАПАДОТ

ЛЕТАШЕ НИЗ ТЕРЕНОТ И УМЕШНО КРАДЕШЕ ТОПКИ

Сите членови на младинскиот тим на Мулти Есенс настапуваат и на сениорско ниво, односно во прволигашката конкуренција. Пред една недела, овие момци во Автокоманда со 12 гола разлика го совладаа Младост Богданци и веќе се на чекор до кам-бек во елитата, но и до одбрана на титулата во младинската лига.

Мулти Есенс останува на врвот на табелата и го зголеми бодовното салдо, сега има 38 бода, осум повеќе од Пролет, кој засега е второпласиран по победата над Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер 2 останува на 28 бода. До крајот на сезоната треба да се одиграат уште осум кола.

Што се однесува до самиот натпревар во Битола – домаќините се држеа околу 20 минути, по што гостите постепено започнаа да се одлепуваат. На полувреме имаа предност од 19:14, а во вториот дел целосно го надиграа домашниот тим, во кој Томче Пецаковски беше најефикасен со шест погодоци, додека по пет постигнаа Алдин Фехми, Андреј Дамчевски и Иван Велески.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT