Познати сите четвртфиналисти во кадетската лига: Братски дуел во Битола за Ф4, а можен и во Автокоманда!

158

Во четвртфиналето од кадетската лига ќе играат екипите на Мулти Есенс, Вардар, Еурофарм Пелистер 2 и Илинден Вардар од групата А, како и Пролет, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид од групата Б, иако последното, 14. коло од регуларниот дел, сè уште не е комплетирано.

Натпреварот меѓу Охрид и Македонија Ѓорче Петров ќе влијае само на тоа дали охриѓани ќе завршат на 4. позиција или ќе бидат третопласирани.

Своја клупска историја испиша Илинден Вардар, тим кој одлично работи со младинските категории. Овој клуб за првпат од своето постоење ќе заигра во четвртфиналето, откако на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле славеше со 25:23

Група А, 14. коло, резултати:

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 26:32 (11:15)
Илија Трајчевски 7/Антонијо Трајановски 7
Овче Поле – Илинден Вардар 23:25 (11:12)
Теофил Јанев 8, Стефан Паневски 7/Матеј Златановски 6, Дамјан Ивановски 5
06.04, 19:00, Радовиш – Текстилец
08.04, 20:30, Мулти Есенс – Младост

ТАБЕЛА

Група Б, 14. коло, резултати:

Пролет – Прилеп 49:31 (26:17)
Трајче Костов 10, Горазд Дамчевски 8/Бојан Стојкоски 11, Марио Столески 9
Преспа – Алкалоид 31:26 (17:15)
Драган Ивановски 8/Борјан Благојев 8
10.04, 14:30, Охрид – Македонија Ѓорче Петров
18.04, 12:00, Еурофарм Пелистер – Струга

ТАБЕЛА

Четвртфинални парови:
Охрид/Алкалоид – Мулти Есенс
Охрид/Алкалоид – Вардар
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Илинден Вардар

Доколку Охрид слави во последното коло против Македонија Ѓорче Петров, тогаш во четвртфиналето ќе игра против Вардар, па освен во Битола, братски дуел ќе има и во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Алкалоид.

Првите средби од четвртфиналето се на 25/26 април, додека реванш средбите на 2/3 мај.Ф4 турнирот е резервиран за 9 и 10 мај.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT