Иако во прволигашката конкуренција познато е дека Мулти Есенс е пред камбек во елитата, а Младост Богданци до пласман во суперлигашкиот бараж, останатите екипи до крајот на сезоната се борат да го зголемат бодовното салдо, но и да промовираат свои играчи.
Еден од оние кои блесна денеска е голманот Димитар Гиевски, член на Македонија Ѓорче Петров. Во натпревар од 21. коло од Првата лига, тимот на Македонија Ѓорче Петров рутински одработи против Шампион, триумфираше со 48:24 (20:8) и сега има 25 бодови на своето конто, доволни за петтата позиција на табелата.
На натпреварот против Шампион, Гиевски имаше 24 интервенции, а во нападот најмногу се истакнаа Мартин Бучуковски, Кристијан Ѓероски и Дарко Рангелов. Првите двајца постигнаа по осум погодоци, додека третиот додаде седум.
Гиевски им одбрани и неколку седмерци на домаќините.